• петок, 27 декември 2024

Казни за 171 возач за брзо возење на територија на цела држава

Казни за 171 возач за брзо возење на територија на цела држава
Скопје, 25 април 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 171 возач.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што соопштија денеска од МВР, 76 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.
 
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/нд/
 
Фото:МИА

Остани поврзан