• четврток, 19 декември 2024

Казни за 153 возачи за брзо возење

Казни за 153 возачи за брзо возење
Скопје, 4 јануари 2022 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 153 возачи. Како што соопштија од МВР, од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 65 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. цр/ац/

Остани поврзан