• четврток, 26 декември 2024

Казни за 124 возачи на мотоцикли

Казни за 124 возачи на мотоцикли
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - Во спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, вчера се казнети 124 возачи. Од нив, 82 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 26 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Од МВР денеска соопштија дека при контролата санкционирани се и 159 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/аа/

Остани поврзан