• сабота, 23 ноември 2024

Казни за 122 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава 

Казни за 122 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава 
Скопје, 12 јули 2021 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 122 возачи. Од нив, соопштија денеска од МВР, 74 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 27 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/сп/

Остани поврзан