• среда, 25 декември 2024

Казни за 24 возачи кои возеле над 50 километри на час над дозволеното на подрачјето на СВР Тетово

Казни за 24 возачи кои возеле над 50 километри на час над дозволеното на подрачјето на СВР Тетово
Тетово, 25 август 2021 (МИА) – При денешната засилена акциска конторола за откривање на преброз возење во Тетовско полицијата изрекла 39 казни, од кои за 24 лица кои се движеле со над 50 километри на час. - Тројца од вкупно 39 казнети возеле со дури над 70 километри на час над дозволеното. Уште еднаш апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат сите заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата во Полог и пошироко, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. ас/цр  

Остани поврзан