• вторник, 24 декември 2024

Казнети 90 возачи  за пребрзо возење на подрачје на СВР Битола

Казнети 90 возачи  за пребрзо возење на подрачје на СВР Битола

Скопје, 14 април 2024 (МИА) - На територија на СВР Битола денеска  од 14:00 до 19:00 часот изречени се вкупно 90 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.

Како што информира МВР, од нив 60 мерки се надвор од населено место и 30 мерки во населено место (16 во  Битола, 35 во Прилеп, 21 во Ресен,12  Македонски Брод, четири во Демир Хисар и две Крушево).

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/мч/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан