• среда, 27 ноември 2024

Казнети 46 возачи за брзо возење на територија на СВР Велес

Казнети 46 возачи за брзо возење на територија на СВР Велес
Скопје, 16 јанаури 2022 (МИА) - На територијата на СВР Велес, денеска во периодот од 08:00 до 20:00 часот,  полицијата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 46 возачи.
-Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 11 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 36 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираат од МВР.
 Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголем безбедноста во сообраќајот. дма/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан