• среда, 25 декември 2024

Казнети 33 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Казнети 33 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - Полицијата вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 33 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, девет возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава... За време на контролата санкционирани се и 200 други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/сп/
 
Фото: МИА архива

Остани поврзан