• петок, 27 декември 2024

Казнети 239 возачи за брзо возење, на територија на цела држава 

Казнети 239 возачи за брзо возење, на територија на цела држава 

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 239 возачи.

Како што денеска информираа од МВР, од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 87 надвор од населено место. 

Во текот на викендот на територија на СВР Битола санкционирани се 259 возачи, меѓу кои се изречени 78 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 52 мерки за возење без возачка дозвола, 55 возачи за управување под дејство на алкохол...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан