• среда, 25 декември 2024

Казнети 188 пешаци на територија на цела држава

Казнети 188 пешаци на територија на цела држава

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Казнети се 188 пешаци во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 14.00 часот во спроведената сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, соопштија денеска од МВР.

При контролата, санкционирани се 188 пешаци од кои, 163 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 98 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

- Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, се додава во соопштението. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан