• среда, 25 декември 2024

Казнети 181 возач за непропуштање пешаци на пешачки премин

Казнети 181 возач за непропуштање пешаци на пешачки премин
Скопје, 1 февруари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 181 возач, од кои 110 на територија на Скопје, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. При акциската контрола санкционирани се и 228 друг вид сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 46 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин. - Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, рече Ангеловски. цр/лв/

Остани поврзан