• петок, 20 декември 2024

Казнети 158 возачи за брзо возење

Казнети 158 возачи за брзо возење
Скопје, 15 мај 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи. Од изречените казни шест се за возила кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР. вг/сп/

Остани поврзан