• сабота, 23 ноември 2024

Казнети 133 пијани возачи на територијата на цела држава

Казнети 133 пијани возачи на територијата на цела држава
Скопје, 18 септември 2022 (МИА) - Казнети се 133 возачи синоќа  од 22.00 до 04.00 часот во спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија. Кај двајца возачи, информираат од МВР, се утврдени дури над два промили алкохол. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/мч

Остани поврзан