• петок, 27 декември 2024

Казнети 119 возачи за брзо возење на територија на цела држава, употребен ноќен радар

Казнети 119 возачи за брзо возење на територија на цела држава, употребен ноќен радар
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Казнети се 119 возачи во текот на изминатата вечер во периодот од 21 часот до полноќ во спроведената засилена акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови. Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Од МВР соопштија дека 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 43 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан