• среда, 25 декември 2024

Казнети 110 возачи во Скопје

Казнети 110 возачи во Скопје

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Вкупно 110 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот. Од нив седум возеле без возачка дозвола, изречени биле седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, а 13 мерки за непочитување на брзината на движење.

Како што информира МВР, девет возачи биле казнети зошто користеле мобилен телефон при возење...

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР. мд/

Фото: МИА

Остани поврзан