• недела, 24 ноември 2024

Казнети и исклучени од сообраќај 18 пијани возачи на подрачјето на СВР Битола

Казнети и исклучени од сообраќај 18 пијани возачи на подрачјето на СВР Битола
Скопје, 22 август 2021 (МИА) - Од 22 часот синоќа до 4 часот утрото  е спроведена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Битола. МВР денеска соопшти дека казнети се 18 возачи кои биле исклучени од сообраќај. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. цр/хс/

Остани поврзан