• среда, 25 декември 2024

Казна за навивачка нередовност: Борусија Дортмунд откажа 500 сезонски билети

Казна за навивачка нередовност: Борусија Дортмунд откажа 500 сезонски билети
Дортмунд, 21 јануари 2020 (МИА) – Борусија Дортмунд откажа 500 сезонски билети за наредната сезона за нередовните навивачи на „Вестфален“ во тековното издание на Бундеслигата. Условот е присуство на најмалку седум меча на домашен терен од вкупно 17. Нејзините навивачи важат за едни од најверните во светот, имиџ што управата на клубот сака да го задржи, па затоа и одлуката 500 од нив да излезат од претплатничка листа бидејќи не присуствувале на доволен број мечеви во оваа сезона. Просечната посета на натпреварите на Борусија Дортмунд на домашен терен е 80,841 гледач, што е за нијанса помалку од вкупниот капацитет на „Вестфален“ или „Сигнал Идуна Парк“ кој може да прими 81,365 гледачи. сѓд/ссм/

Остани поврзан