• вторник, 24 декември 2024

Казна за гостиварецот кој оштети сообраќаен знак со четирицикл

Казна за гостиварецот кој оштети сообраќаен знак со четирицикл
Гостивар, 17 април 2021 (МИА) - Седумнаесетгодишникот, кој пред некој ден во обид да сними видео за социјалните мрежи, оштети сообраќаен знак доби две пријави од полицијата.
Тој, попладнево е повикан во полиција и со него е извршен службен разговор  во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар. За сторените прекршоци, подготвени се две пријави согласно Законот за возила.
Од СВР Тетово информираат дека го идентификувала и санкционира лицето, кој управувајќи четирицикл на 4 април во близина на крстосницата на улиците „Живко Брајковски" и „101" во Гостивар, преминува преку тротоарот и со четирициклот оштетува сообраќаен знак. Видеото што беше објавено на социјалните мрежи наиде на реакции во јавноста. згм/бак/

Остани поврзан