• петок, 27 декември 2024

Казинс може да го пропушти почетокот на сезоната 2020/21

Казинс може да го пропушти почетокот на сезоната 2020/21
Лос Анџелес, 14 ноември 2020 (МИА) – Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Демаркус Казинс, е неизвесен за стартот на новата сезона. Иако Демаркус Казинс успешно закрепнува од повредата на вкрстените лигаменти на коленото, тој можеби нема да биде подготвен за почетокот на сезоната 20/21, објави агентот на играчот Џеф Шварц. Казинс не играше за Лејкерс во сезоната 2019/20 поради повредата на левото колено здобиена во меѓусезоната, а потоа беше отпуштен од „езерџиите“. Според Шварц, немало одредени одложувања во процесот на опоравување, сепак, Казинс има намера да се врати целосно здрав и во вистинскиот тим за него. зс/

Остани поврзан