• недела, 24 ноември 2024

Казахстан ќе ја укине вонредната состојба во три региони

Казахстан ќе ја укине вонредната состојба во три региони
Нур Султан, 12 јануари 2022 (МИА) - Казахстан во три региони ќе ја укине вонредната состојба, која беше воведена како одговор на немирите кои настанаа во земјата поради поскапувањето на горивата. Како што пренесува руската агенција ТАСС, вонредната состојба ќе биде укината во Западен Казахстан, регионот Павлодар и регионот Северен Казахстан. Протестите почнаа на 2 јануари во неколку казахстански градови, кои набрзо прераснаа во масовни немири против безбедносните сили.
Како што се наведува, во немирите се повредени илјадници луѓе, а точниот број загинати се уште не е познат. Претседателот на Казахстан побара помош од ОДКБ откако протестите поради поскапувањето на горивата прераснаа во отворени конфликти со безбедносните сили. паг/

Остани поврзан