• четврток, 26 декември 2024

Казахстан прогласи вонредна состојба на целата територија

Казахстан прогласи вонредна состојба на целата територија

Москва, 5 јануари 2022 (МИА) - Казахстан денеска прогласи вонредна состојба на целата територија, откако протестите  ескалираа во немири. 

Локалните медиуми јавија за вонредната состојба повикувајќи се на коминике прикажано на државната телевизија на Казахстан.

Претходно беше прогласена локална вонредна состојба во областите кои беа најмногу погодени од протестите: економската престолнина на Казахстан - градот Алмати, регионот Мангистау и главниот град на земјата Нур Султан.

Остани поврзан