• четврток, 26 декември 2024

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

Скопје, 14 октомври 2023 (МИА) -  На подрачјето на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола и Велес вчера биле реализирани низа едукативни работилници во основни и средни училишта на повеќе теми важни за заштита на учениците од социо-девијатни појави, пред се околу превенцијата од зависностите.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на подрачјето на СВР Скопје во основните училишта „Блаже Конески“, „Љубен Лапе“ и „Димитар Поп Георгиев-Беровски“  реализирани се работилници со ученици од деветите одделенија посветени на превенција од меѓуврсничко насилство, како и „Кажи не на дрогата, да на животот “.

-Во Битола полициски службеници од СВР Битола под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“ реализираа едукативна работилница со ученици од трета и четврта година од Средното електро машински училиште ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, додека пак на подрачјето на СВР Велес, поточно во Кавадарци, во основните општински училишта „Страшо Пинџур“ и „Тоде Хаџи Тефов“ беа спроведени едукативни работилници за превенција од насилство во училиштата, со посебен осврт на сајбер булингот, стои во информацијата од МВР.лв/

Остани поврзан