• среда, 25 декември 2024

Каевски: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, не ни е потребна реприза на Иванов

Каевски: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, не ни е потребна реприза на Иванов

Скопје, 12 март 2024

Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ.

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски.

Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.

Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите години е доказ дека Силјановска е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност.

Нема членство во ЕУ со Мицкоски и Силјановска ниту за 100 години!

Јасна е нивната намера да стават рампа на патот на Македонија кон Европската Унија.

На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе ги врати духовите од времето на владеењето на ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов.

Времето кога претседателот беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата.

Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!

Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца.

Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.

Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа.

 

Ја поздравуваме Резолуцијата на САД, разочарувачки е што само ДПМНЕ е против европскиот пат

Jа поздравуваме, благодарни сме за силната и недвосмислена поддршка од нашите стратешки партнери – САД. Оваа поддршка на САД ја имаме затоа што 7 години активно се работи на продлабочување на односите со стратешките партнери и силната меѓународната позиција на државата. Сепак разочарувачки и поразително е што имаме толку силна меѓународна поддршка само блокадата е од дома, од ДПМНЕ и Мицкоски кои се единствената опција којашто е против членството во ЕУ и активно спроведува блокада на европскиот пат и иднината на државата и граѓаните.

 

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива 

 

Остани поврзан