• сабота, 09 ноември 2024

Каевски: Процесот на интеграција во ЕУ носи реални, конкретни и видливи резултати

Каевски: Процесот на интеграција во ЕУ носи реални, конкретни и видливи резултати

Скопје, 23 јули 2023 

ЕУ одобри макрофинансиска помош од 100 милиони евра за Република Северна Македонија, со кои Унијата го поддржува планот на нашата држава за справување со енергетската криза и реформите важни за евроинтеграцискиот процес.

Овие 100 милиони евра кои ќе се користат во 2023 и 2024 година, ќе бидат поддршка за фискалната одржливост и структурните реформи за фискално управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното окружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството, како и борбата против корупцијата.

Ваквата поддршка е само последна во низата финансиска помош на ЕУ кон нашата држава. 

Претходно, македонската држава доби и 60 милиони евра преку ИПАРД 2 програмата,  нови, неповратни 97 милиони евра на располагање преку ИПАРД 3 програмата за модернизација на македонското земјоделство; 160 милиони евра за помош во ублажувањето на економските последици од пандемијата, како и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

Сето ова се придобивки од процесот на интеграција кон ЕУ и доказ дека Унијата останува најсилниот и најпосветен наш партнер. 

Затоа, процесот на интеграција кон ЕУ, мора да продолжи и затоа е важно реформите да продолжат, преку носењето на потребните уставни измени. 

Секој пратеник, секој политички субјект има обврска и одговорност да даде поддршка на измените на Уставот со кои ќе направиме сериозен исчекор кон реализација на стртатешката цел - полноправно членство во ЕУ. 

Секој кoj работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија

Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ,  работи и против македонскиот јазик во ЕУ.

А Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови.

Мицкоски треба да престане да одработува за туѓи интереси и да дејствува против ЕУ, а пратениците од ДПМНЕ, да се приклучат на процесот на реформите.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

 

Остани поврзан