• среда, 18 декември 2024

Каевски: Опозицијата во Собранието прави дефокус од неработењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Каевски: Опозицијата во Собранието прави дефокус од неработењето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 25 мај 2022Обидувајќи се да се тргнат од реалните проблеми кои ги имаат во општините, соочени со тоа дека немаат ништо, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да направат дефокус и фокусот да го стават на Собранието, истакна пратеникот и портпаролот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.Тој нагласи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не испорачаа ништо, како градоначалничката на Скопје, која ниту еден проект не реализра, нема бесплатен јавен превоз, нема нови автобуси, но има нерасчистени депонии, нелегално поставување на генерален секретар.Со тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прават во Собранието го официјализираа бојкотот што го  правеа во изминатиот период, истакна Каевски, додајавјќи дека собранието функционира и вака, но одолговлекувањето на процесите е на штета на граѓаните, а не на СДСМ и на Владата.Тој нагласи дека во собранието се закочени 70-тина закони важни за граѓаните, а опозицијата прави кочници и опструкции, со безброј процедурални забелешки не дозволуваат ни да се донесе дневниот ред за расправа за законите на комисиите или не ги закажуваат седницитеВМРО-ДПМНЕ кажа дека ќе поддржувале закони важни за граѓаните, зарем 4700 наставници не се важни за ВМРО-ДПМНЕ, со Законот за наставници и стурчни соработници ќе им се трансформира  статусот од определено на неопределно, се блокира законот за амријата за поголеми бенефиции за војниците, се блокираат закони за исплата на субвенции за сточари, тутунари, наведе Каевски, нагласувајќи го небулозното и контрадикторно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.Пратеникот на СДСМ додаде дека владејачкото мнозинство е подготвено за дискусија и подобрување на текстовите на законите, што се докажа со рекордниот број прифатени амандмани од опозицијата за Буџетот за 2022 година.Граѓаните очекуваат од нас сите важни процеси,  сите закони да поминат час поскоро, очекуваат дека час поскоро ќе се седнеме на маса без уцени и ќе се дискутира за она што е важно за граѓаните, рече Каевски.Тој нагласи дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија укажува дека нивните амбиции се само како да предизвикаат предвремени парламентарни избори.Поставувањето на услови за договарање на датум за избори за средба е неодоговрно, во ова време на светска криза, изборите ќе бидат редовини во 2024 година,  порача пратеникот и портпаролот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан