• среда, 25 декември 2024

Каевски: Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега нивниот министер казнува зошто не се сменети документите

Каевски: Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега нивниот министер казнува зошто не се сменети документите

Скопје, 26 февруари 2024 

-Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега пак нивниот министер реагира дека ќе ги казнувал граѓаните зошто не се сменети на време документите со новото уставно име на државата и кажува дека со Преспанскиот договор веќе ништо не може да се смени, рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски во утринската емисија 24 Вести потенцирајќи го политичкото лицемерие на ДПМНЕ.

-Лицемерно се кога сте во опозиција да зборувате едно, а кога се на власт да правите друго. ДПМНЕ нема капацитет да коалицира со никого. Мицковски, вика дајте ни власт па ќе ви кажам како ќе ја водиме државата. Нивниот технички министер, Тошковски пред да влезе во Влада викаше ќе биде приорите да се средат патните исправи, а кога дојде на власт, само ја усложни работата. Ги укина шалтери за сликање, телефоните не функционираат и пак го пак го вратија она нивното ВМРО-МВРО, а тоа најмногу се покажа кога обезбедувањето на Мицковски реши да спречи акција поврзана со дрога во локалите, рече Каевски.  

Тој потенцираше дека најголем парадокс на ДПМНЕ е кривичната пријава затоа што некој дал исправа со старото име, и тоа од паријата која најавуваше дека ќе го укине Преспанскиот договор.

-За ДПМНЕ едно е јасно. Лицемерие и лага. Едно прават сабајле, друго вечер, рече Каевски.
 
СДСМ со своите коалициони партнери и мисли добро на државата и секогаш имале принципиелен став. Во однос на претседателскиот кандидат предложен од СДСМ, Каевски рече дека организациите заседаваа и решија да му дадат поддршка на актуелниот претседател Стево Пендаровски за нов мандат. Ќе следува конгрес на 3. март, па потоа ќе се соберат и потребните граѓански потписи.

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива 

Остани поврзан