• вторник, 12 ноември 2024

Каевски: МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога

Каевски: МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога

19 февруари 2024 

Почитувани,


Скандалот во кој обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепаше полицаец, отвори многу  прашања.


Освен што со тепањето го покажа вистинското, криминално лице на ВМРО-МВРО, јавноста треба да знае зошто обезбедувањето на Мицкоски седи пред вратите на кафе бар навечер?


МВР и техничкиот министер за внатрешни работи од ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори:


Која била улогата на обезбедувањето на Мицкоски?


Дали неговата задача била да спречи акција против дилери на дрога?


Дали тие дилери на дрога се поврзани со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и на кој начин?


Граѓаните ги очекуваат одговорите.


Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.


Овој скандал кој води директно со белата палата мора да биде расчистен целосно.

Изјава за медиуми на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан