• вторник, 24 декември 2024

Каевски: Економски и идеолошки припаѓаме кон Европа, тоа е единствена опција за македонската иднина

Каевски: Економски и идеолошки припаѓаме кон Европа, тоа е единствена опција за македонската иднина

Скопје, 2 септември 2023

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во вестите на телевизија Сител истакна дека реалност е дека уставните измени мора да успеат, бидејќи се за доброто на граѓаните за продолжување на европскиот пат, за отворање нови можности, нови фондови, за државата да стане членка на ЕУ пред 2030 година.

Кога ќе слушнете во јавноста разни изговори кој што ги дава опозицијата, никогаш апсолутно никогаш нема да слушнете било каков аргумент против текстот на уставните измени, нагласи Каевски, додавајќи дека дури најголемите скептиции коишто поверуваа на лажните изјави на ДПМНЕ дека ќе има бугаризација, асимилација, бугарски диктат, немат никакви забелешки во предлог-текстот.

Сето ова се случува со цел првенствено Христијан Мицкоски да си ја задржи својата фотелја, додаде тој.

Каевски рече дека е жално што поранешен претседател на Собранието, Велјановски, не го познава Деловникот и нагласи дека единствени што го кршат деловникот се опозициските пратеници. 

Пред се претседатели на собраниски комисии кои со месеци, со години не закажуваа седници, со точки важни за граѓаните, рече Каевски.

Јас очекувам дека седницата за уставните измени ќе заврши до крајот на годината и ќе заврши успешно односно ќе има доволен број, 80, да се изгласаат уставни измени, бидејќи ова е важно за граѓаните, нагласи Каевски.

Каевски уште еднаш повтори дека не преговараме со Бугарија, туку преговараме со ЕУ.

Сите 27 земји членки гласаа за договорот за ФРОНТЕКС каде што е воспоставен македонскиот јазик како јазик во ЕУ, без никакви придодавки, фусноти како што велеше ДПМНЕ, и сега од тука гледаме дека официјална Софија вели дека нема, ќе нема нови услови за нашата држава и повторно гледаме некакво негирање кој што доаѓа од страна на опозицијата, истакна Каевски, додавајќи дека се што кажа ДПМНЕ на крајот испадна лага.

Во врска со прашањето за избори, Каевски нагласи дека изборите ќе бидат редовни, ќе се случат за некаде околу година дена и на тие избори повторно ќе победи СДСМ заедно со сојузниците од проевропскиот блок.

Економски, идеолошки, географски припаѓаме кон Европа, и тоа е наша единствена опција за македонската иднина. Мораме да продолжиме по европскиот пат нагласи Каевски додавајќи дека според официјалните податоци во првите шест месеци од годинава 79,74 отсто од извозот е кон ЕУ, а кон државите од БРИК помалку од 2 отсто.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

Остани поврзан