• четврток, 26 декември 2024

Каевски: Врв на срамот е тоа што Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа Законот за македонски јазик

Каевски: Врв на срамот е тоа што Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа Законот за македонски јазик

Скопје, 20 јули 2023 

Пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик.

ДПМНЕ и Левица покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик, како столб на македонскиот идентитет.

Врв на срамот за една партија е да не поддржи ниту една одлука за македонскиот јазик.

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, пред македонската јавност, да се извини и да објасни зошто.

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ досега немаат направено ништо за македонскиот јазик, немаат направено ништо за македонскиот идентитет.

Бројни примери го потврдуваат тоа.

ДПМНЕ не гласаа ниту за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ.

ДПМНЕ не ги поддржаа ниту заклучоците во македонското Собрание за преговарачката рамка, каде е заштитен целосно македонскиот јазик и македонската посебност во ЕУ.

Мицкоски и ДПМНЕ не лобираа и не направија ништо ниту кога Германскиот Бундестаг донесе Резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура.

Тоа се истите оние од ДПМНЕ кои ширеа лаги за бугаризација и асимилација, а не гласаа за македонски јазик во македонското Собрание.

Истите оние кои го нарекуваа Блаже Конески „џуџето од Небрегово“. Тоа се најголемите штетници за државата.

Со Законот за македонски јазик се обезбедува дополнителна заштита, унапредување и збогатување на македонскиот јазик.

Се прошируваат областите за употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и опсегот на лекторирање

Еден од новитетите во законското решение е создавање Инспекторат за употреба на јазикот, но и дополнително изучување и афирмација на јазикот во странство.

СДСМ е горд за се она што го има направено за заштита, унапредување и признавање на македонскиот јазик.

Ние тоа го должиме како генерација социјалдемократи на оваа држава и овој народ. Но ќе остане запаметено дека ДПМНЕ и Левица освен деструкции, блокади и штета на државата не направиле ништо.

 

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан