• среда, 27 ноември 2024

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа и нема план за иднината

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувни граѓани,


На почеток на кампањата за претседателските избори се потврдувата две суштински работи.

Прво. ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа.

Дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите.

Второ. Мицкоски нема план. Тоа е јасно како бел ден особено по телевизискиот дуел во којшто Ковачевски доминираше но и во јавните настапи.

Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата.

Тие би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за нашата кампања, кој каде бил и слично, испраќаат агресивни и празни пораки.

Но ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано.

Силјановска ја следи оваа линија и таа е целосно маргинализирана.

Мицкоки, Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните. Со ДПНЕ е можно само враќање назад во изолација.  

Од друга страна Ковачевски аргументирано претстави јасната визија и план за европска иднина.

План за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година.

Како и план за реализација на програмата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, за просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните.

Јасно е, Коалиција за Европска иднина предводена од СДСМ е единствената алтернатива за иднината на државата.

Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, меѓу европска интеграција со Ковачевски и Пендаровски или изолација со Мицкоски и Силјановска.

Одоговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Сите овие панични знаци на нервоза од ДПМНЕ доаѓаат откако Мицкоски го забуди ТВ дуелот од Ковачевски. ДПМНЕ немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината.  Затоа се обидуваат да ја сменат темата. За нивна жал, тв дуелот го видоа голем број граѓаните, снимен е и објавен и не може да се избрише без разлика каква магла се обидуваат да произведат. Со нивните лаги ние нема да се занимаваме. СДСМ има јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните.

Центар за комуникации СДСМ 

фото:МИА архива 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан