• среда, 18 декември 2024

Кадриу: Одложувањето на одлуката за Законот за употреба на јазиците во корист на Албанците

Кадриу: Одложувањето на одлуката за Законот за употреба на јазиците во корист на Албанците

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Уставниот судија Осман Кадриу изјави дека одложувањето на одлуката за Законот за употреба на јазиците е во корист на Албанците и дека периодот до следната подготвителна седница треба да се искористи за да се интервенира во Законот за употреба на јазиците. Кадриу смета дека статусот на албанскиот јазик треба да се реши во Уставот. 

- Отсега ја известуваме јавноста дека ние двајцата Албанци нема да учествуваме на таа средба бидејќи за ваша информација на таа средба ништо не може да се постигне. Имавме подготвителен состанок. Немаше друго алиби, немаше друга причина Судот со мнозинство гласови да донесе ваква одлука, но со тоа навреме победуваме, бидејќи по подготвителниот состанок ќе треба одредено време да се подготви нов извештај, вели Кадриу во изјава за Алсат - М.

На подготвителната седница ќе бидат повикани составувачите на иницијативите за оспорување на делови од Законот за употреба на јазиците и експертите од областа, по што ќе треба да се подготви извештај согласно предлозите што ќе бидат дадени, дали да се укине законот во целост или да се укинат некои од неговите одредби. Кадриу смета дека дотогаш треба да се искористи времето за подобрување на пропустите на законот.

-Дотогаш албанскиот политички субјект во Владата и во парламентот има време, а јас дадов и конкретни предлози за да се интервенира и во Законот, бидејќи законот како закон има одредени недостатоци и нејаснотии. Меѓу нив се обидов и ја добив првата битка да му се даде на законот уставен статус, бидејќи законот е уставен, смета Кадриу.

Покрај правните недостатоци, судијата Кадриу бара статусот на албанскиот јазик да се регулира и во Уставот.

-Ако има потреба, а мислам дека има потреба, информиран и албанскиот политички субјект, мора уште еднаш да се отвори Уставот за да се разјасни прашањето за албанскиот јазик како службен, не само како право на припадниците на албанската нација, но албанскиот јазик како колективно право на Албанците во Северна Македонија, рече Кадриу. 

Со пет гласа „за“ и еден „против“ Уставниот суд вчера одлучи прво да одржи подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците на која ќе бидат повикани и оние што го оспоруваат Законот и оние што го поддржуваат, но и експерти, па потоа да одлучуваат. Двајцата судии Албанци во актуелниот состав на Уставниот суд, Осман Кадриу и Насер Ајдари, како што беше најавено, не присуствуваа на седницата. ев/цр

ФОТО: Алсат 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан