• среда, 25 декември 2024

Кадиров: Нападнат Универзитетот на руски специјални сили во Чеченија

Кадиров: Нападнат Универзитетот на руски специјални сили во Чеченија

Грозни, 29 октомври 2024 (МИА) - Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека дрон го нападнал Универзитетот на руски специјални сили во Гудермес, Чеченија, по што се запалил покривот на една од зградите, а нема повредени.

Кадиров изјавил дека зградата во која се запалил покривот била празна.

Чеченскиот лидер рече дека нападот со дрон не влијаел на работата на Универзитетот и дека институцијата функционира нормално.

Кадиров посочува дека за тој напад е покрената истрага за да се утврди одговорноста. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан