• вторник, 12 ноември 2024

Кадетките од Македонија ја совладаа Малта на првиот натпревар од ФИБА „Челенџер“ турнирот

Кадетките од Македонија ја совладаа Малта на првиот натпревар од ФИБА „Челенџер“ турнирот
Тибилиси, 10 август 2021 (МИА) - Женската кадетска кошаркарска селекција на Македонија денеска ја совлада Малта со 91-53. Во првото коло од групата „Е“ од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тибилиси, Македонија извојува убедлива победа за успешен почеток. Најмногу, вкупно 18 поени на овој натпревар реализираше капитенот Алексовска. Утре од 14 часот, кадетките ќе се соочат со репрезентацијата на Албанија. ар/са

Остани поврзан