• среда, 25 декември 2024

Кадетките на КК „Крива Паланка“ државни прваци

Кадетките на КК „Крива Паланка“ државни прваци
Крива Паланка, 16 јуни 2021 (МИА) - Екипата на кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ ја освои титулата државен првак во женска конкуренција до 16 години. Кривопаланчанки одиграа неизвесен и драматичен натпревар против врсничките од  ЖКК "Бадел 1862" од Скопје кој заврши со резултат 72:67. -Овие девојчиња се во долгогодишен тренажен и натпреварувачки процес, играат и сениорска лига повеќе сезони, така што вложувањето во младинскиот погон на клубот, нашата посветеност и упорноста на играчите, заедничките одрекувања и довербата и поддршката од спонзорите кои веруваат во овој тим "Крива Паланка" се она што е клучно за овој успех, изјави претседателот на клубот и тренер, Ведран Белешковски. Кошаркарките на Крива Паланка со водство ја започнаа првата четвртина,  почетокот на втората четвртина, a полувремето го затворија со 47:28, а последните 10 минути беа драматични, кога поради пет лични грешки КК Крива Паланка остана без својата најдобра кошаркарка, Алексовска, стрелец на 29 поени во трите одиграни четвртини. Но Крива Паланка го одржа темпото, славејќи со  72:67. -И покрај пеколното темпо со збиена агенда натпревари, напорни за овие 15 годишни девојчиња, играњето во неколку натпреварувачки категории, девојчињата сепак го одржаа високото ниво на игра и заслужено ги понесоа златните одличја. Ни претстојат и финалните натпревари во лигата до 18 години викендов, така што веќе од утре продолжуваме со работа, изјави Мирослав Ивановски, тренер во КК „Крива Паланка“. Кошаркарката на Крива Паланка, Божица Стоевска го понесе признанието за најдобра во финалната средба која на  нејзините соиграчи и го донесе победничкиот трофеј во женска кадетска конкуренција. ид/аа/

Остани поврзан