• четврток, 26 декември 2024

Кавгите меѓу децата се полезни за психичкото здравје, раст и развој 

Кавгите меѓу децата се полезни за психичкото здравје, раст и развој 

Лос Анџелес, 24 април 2023 (МИА) - Соперништвото меѓу браќата и сестрите е вистинско. Без разлика дали станува збор за „борба“ за облека или за последното парче чоколадо, тоа се случува во скоро секое семејство со повеќе деца. Според научниците, сепак, расправиите меѓу децата всушност можат да бидат позитивна работа.

Имено, истражување на Универзитетот Кембриџ, коешто опфаќа вкупно 140 деца, посочува дека караниците во детството помагаат во емоционалниот и менталниот раст. Написот во „Индија тајмс“ говори дека браќата и сестрите имаат големо влијание еден врз друг. Всушност, борбата меѓу младите личности помага кај нив да се развијат друштвените вештини.

Според стручњаците, кога браќата и сестрите се расправаат, начинот на којшто ги обликуваат своите аргументи игра важна улога во тој умствен развој.

Обично, браќата и сестрите се обидуваат да ја решат расправијата вербално и тоа им дава можност да ги совладуваат своите ментални способности, како и знаењето. Тоа придонесува децата да прераснат во паметни, интелигентни и одговорни луѓе.

Меѓутоа, ако тоа соперништво продолжи и по детството во зрелоста, според науката, тоа не е здраво за емоционалниот раст на човекот.  си/

Фото: Пиксабеј.

Остани поврзан