• четврток, 26 декември 2024

Кавани прв двоен стрелец на двете полуфиналиња во последните 35 години во евро-куповите

Кавани прв двоен стрелец на двете полуфиналиња во последните 35 години во евро-куповите
Рим, 7 мај 2021 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани постигна два гола синоќа во полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа со Рома (2:3). Во првиот натпревар (6:2) 34-годишниот Уругваец исто така двапати го погоди голот на римјаните. Кавани стана првиот фудбалер во последните 35 години кој постигнал два гола во секое од двете полуфиналиња на едно европско натпреварување. Пред Кавани, во сезоната 1985/86, напаѓачот на Келн, Клаус Алофс, постигна два гола на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на УЕФА против белгиски Варегем (4:0), а во второто постигна хет-трик (3:3). зс/

Остани поврзан