• среда, 18 декември 2024

Кавани на чекор од Бенфика

Кавани на чекор од Бенфика
Лисабон, 27 април 2020 (МИА) - Едисон Кавани речиси се разбрал со Бенфика. Тој се согласи да се пресели во португалскиот гигант, откако остануваат само мали детали од договорот. Според португалските медиуми, минатиот викенд претставниците на Бенфика и агентот на Уругваецот го спровеле вториот дел од преговорите, кои поминале добро. На состанокот присуствувал и претседателот на клубот Луис Филипе Виеира. Според предложениот финансиски пакет, Кавани ќе добива околу 200.000 евра неделно. 33-годишниот напаѓач го напушти Пари Сен Жермен по истекот на неговиот договор. Оваа сезона тој забележа 7 голови и 2 асистенции на 22 натпревари за францускиот шампион.

Тагови

Остани поврзан