• четврток, 26 декември 2024

Кавани има намера кариерата да ја продолжи во шампионатот на Шпанија

Кавани има намера кариерата да ја продолжи во шампионатот на Шпанија
Манчестер, 12 февруари 2022 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Шпанија, тврди новинарот Фабрицио Романо. Според него, 34-годишниот Уругваец, чиј договор со клубот е со важност до крајот на јуни 2022 година, сака да го напушти тимот како слободен играч. Приоритетна опција за Кавани е шпанската Ла лига. Фудбалерот нема намера да се пресели во аргентинската Ривер Плата за чиј интерес и претходно беше објавено. Кавани е во Манчестер јунајтед од октомври 2020 година. Во сезоната 2021/22, Уругваецот забележа 15 настапи за „Црвените ѓаволи“, постигнувајќи два гола и една асистенција. зс/

Остани поврзан