• четврток, 05 декември 2024

Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад

Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад

Кавадарци, 4 декември 2024 (МИА) - Педесет и тригодишна кавадарчанка вчера пријавила дека од 5 ноември до денот на пријавување, И.Т. во повеќе наврати на социјални мрежи ја вознемирувал со објави против неа, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Според пријавеното, во една прилика отишол и на нејзиното работно место во Кавадарци ѝ се заканил и се обидел физички да ја нападне, но, бил спречен од другите вработени, појаснуваат од СВР - Велес.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. свд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан