Кавадарчанецот Киров го фати светиот крст во Росоман
- Триесетгодишниот Никола Киров од Кавадарци беше најсреќен и најбрз и го фати светиот крст положен во водите на Црна Река, во склоп на одбележувањето на денешниот верски празник Богојавление Водици во Росоман. Тој рече дека за прв пат се обидел и успеал.

Росоман, 19 јануари 2025 (МИА) - Триесетгодишниот Никола Киров од Кавадарци беше најсреќен и најбрз и го фати светиот крст положен во водите на Црна Река, во склоп на одбележувањето на денешниот верски празник Богојавление Водици во Росоман. Тој рече дека за прв пат се обидел и успеал.
- На сите им посакувам се најдобро во животот и секогаш да имаат верба во Бога, порача тој.
Градоначалникот Стојан Николов, посака здравје, среќа, бериќет, сплотеност и солидарност. свд/дма/
Фото:МИА архива