• вторник, 24 декември 2024

Кавадарци со јавен повик бара стручни лица во работата на седниците на постојаните комисии на Советот на Општината

Кавадарци со јавен повик бара стручни лица во работата на седниците на постојаните комисии на Советот на Општината

Кавадарци, 4 април 2023 (МИА) - Општина Кавадарци објави јавен повик за учество на стручни лица во работата на седниците на постојаните комисии на општинскиот Совет, информираа попладнево од кавадаречката локална самоуправа. Оттаму рекоа дека ова e доказ дека Кавадарци е транспарентна и отчетна општина. 

- Согласно деловникот на Советот, постојаните комисии на својата седница можат да поканат и стручни лица, заради изнесување на нивни мислења, по прашања што се разгледуваат на седницата на комисијата, се вели во јавниот повик. 

За таа цел, со овој  повик се повикуваат заинтересирани стручни лица, граѓани, физички лица, претставници на медиуми, претставници на невладини организации. Да достават апликација со мотивационо писмо за заинтересираност и учество за одредена надлежност на Советот на општината, во постојаните комисии. Учеството во работата на седниците на постојаните комисии на Советот, е без право на надомест. свд/свс

Фото :МИА

Остани поврзан