• вторник, 24 декември 2024

Кавадарци со активности за превенција од дискриминација 

Кавадарци со активности за превенција од дискриминација 

Кавадарци, 17 октомври 2024 (МИА) - Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, Oпштина Кавадарци презема мерки и активности за промоција и унапредување на еднаквоста и превенција од дискриминација, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Една од основните мерки е запознавање на локалното население преку едукативна содржина „Еднaквoст за сите“, со цел подигање на јавната свест и препознавање на концептот на недискриминација и еднаквост, појаснија од кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму истакнаа дека граѓаните имаат право да бидат информирани за своите права и подеднакво да учествуваат во општествениот, социјалниот и економскиот живот. свд/ар/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан