• вторник, 26 ноември 2024

Кавадарци организира јавна расправи со жителите за планирање на годишните програми за наредната година 

Кавадарци организира јавна расправи со жителите за планирање на годишните програми за наредната година 

Кавадарци, 23 октомври 2023 (МИА) - Општина Кавадарци објави јавен повик за организирање јавни расправи со жителите на урбани и месни заедници,  за планирање на годишните програми за работа во наредната година. Како што соопштија денеска од кавадаречката локална самоуправа, јавните расправи се предвидени во текот на оваа седмица. 

- На овие средби со жителите, ќе ги чуеме потребите на мештаните од сите месни заедници на општински ниво, да видиме од што имаат потреба. Потоа, од сите нив, ќе ги одредиме приоритетите што ќе бидат дел од програмата за работа на локалната самоуправа, информираа од Општината.

Оттаму нагласија дека континуирано се вложува со инвестиции во сите делови на кавадаречка територија, без разлика дали станува збор за урбани или рурални средини од општината. свд/дма/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан