• среда, 25 декември 2024

Кавадарци од утре домаќин на завршницата во ракометниот куп

Кавадарци од утре домаќин на завршницата во ракометниот куп
Кавадарци, 12 мај 2022 (МИА) – Од утре до недела во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи завршниот турнир од Македонскиот ракометен куп во машка и женска конкуренција. Завршниот ќе биде отворен со полуфиналниот дуел меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер 2 (од 17 часот), додека второто полуфинале кај мажите го сочинуваат Бутел и Еурофарм (20 часот). Машкото финале ќе се игра в недела со почеток во 19:30 часот. Полуфиналните двојки во женска конкуренција се на програмата в сабота, меѓу ЖРК Куманово – ЖРК Металург (14 часот) и Ѓорче Петров ЖРК – ЖРК Чаир (17 часот), а финалето ќе се игра в недела со почеток во 17 часот. ег/цр

Остани поврзан