• недела, 24 ноември 2024

„Кабул њуз“: Гани побегна во Абу Даби

„Кабул њуз“: Гани побегна во Абу Даби
Кабул, 18 август 2021 (МИА) - Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани е во главниот град на Обединети Арапски Емирати, Абу Даби, јави авганистанската телевизија „Кабул њуз“. Претходно, телевизијата тврдеше дека Гани заминал за Таџакистан, а оттаму отпатувал за Оман. Гани на 15 август, неколку часа пред талибанците да го освојат Кабул, го напушти Авганистан. Агенцијата Блумберг неколку недели пред освојувањето на Кабул, во Доха се преговарало за предавање на власта на талибанците, за да можат некои членови на поранешната авганистанска влада да им се придружат на новите раководни структури. Но, тоа не успеало поради бегството на Гани. ми/

Остани поврзан