• вторник, 24 декември 2024

Кабул ги повлече амбасадорот и дипломатите од Пакистан

Кабул ги повлече амбасадорот и дипломатите од Пакистан
  Кабул, 18 јули 2021 (МИА) - Авганистан ги повлече  амбасадорот и дипломатите од главниот град на Пакистан по киднапирањето на ќерката на амбасадорот, соопшти денеска авганистанското Министерство за надворешни работи. Авганистанската влада ги повика амбасадорот и високи дипломати во Кабул целосно да ги отстранат безбедносните закани, вклучително и апсење и казнување на сторителите, се вели во соопштението на Министерството. Портпарол на пакистанското Министерство за надворешни работи не даде коментар за повлекувањето на амбасадорот и дипломатите од Исламабад. Ќерката на авганистанскиот амбасадор во Пакистан беше кратко време киднапирана од непознати напаѓачи кои ја оставија со повреди, а пакистанските власти објавија дека го испитуваат случајот. зш/

Остани поврзан