• четврток, 26 декември 2024

Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка

Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој го потврдуваат интересот за продолжување и зајакнување на меѓусебната соработка во насока на промоција на принципот на еднаквост, превенција и заштита од дискриминација.

Како што информира претседателскиот Кабинет, Меморандумот беше потпишан од страна на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Ѓорги Божинов и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Игор Јадровски.

Врз основа на Меморандумот, двете институции ќе преземаат координирани активности, чија цел е промоција на принципот на еднаквост, превенција од дискриминација и промоција на еднакво и целосно уживање на сите човекови права и основни слободи на граѓаните.

- Согласно Меморандумот, институциите ќе соработуваат во однос на заеднички медиумски активности и настани за стратешки прашања од областа на еднаквоста и недискриминацијата, обезбедување обуки и тренинзи од Комисијата за вработените во Кабинетот за сензибилизирање и градење капацитети за недискриминација и еднаквост, покровителство на претседателката при организирање јавни дебати и тркалезни маси за носење или измени на закони и политики во насока на унапредување на еднаквоста, како и користење на Народните канцеларии на претседателката за организирање активности и настани на Комисијата, се наведува во соопштението. мд/ац/

Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова 

Остани поврзан