• среда, 25 декември 2024

Кабинетот на Макрон: Безос вети милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност

Кабинетот на Макрон: Безос вети милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност
Париз, 7 ноември 2022 (МИА) - Фондацијата - The Bezos Earth Fund - на основачот на Амазон, Џеф Безос, вети милијарда долари до 2030 година за заштита на животната средина и биолошката разновидност, се наведува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон. Од кабинетот информираа за тоа откако претседателот на Франција учествуваше на првиот во низата разговори на климатскиот собир КОП27 во Египет. Елисејската палата додаде дека Руанда и Габон на собирот изразиле интерес за преземање чекори за заштита на шумите и природните резерви на јаглерод. Филантропската организација на Безос досега 30 отсто од нејзините 10 милијарди долари ги намени за зачувување на природата и трансформација на системите за храна. Фондацијата на милијардерот, чија компанија често е критикувана поради нееколошки пракси и работни услови, на овогодишниот собир на Обединетите Нации сака коалиција со африканските и европските држави да ги засили напорите за обновување на почвата. бд/

Остани поврзан