• среда, 25 декември 2024

И „Вимблдон“ може да се одложи поради пандемијата

И „Вимблдон“ може да се одложи поради пандемијата
Лондон, 18 март 2020 (МИА) - Спроведувањето на Вимблдон зависи целосно од тоа како ќе се развие пандемијата од коронавирусот. Организаторите не можат да гарантираат дека сигурно ќе се одигра турнирот на „светата трева“, стана јасно од нивната последна порака. - Следејќи ги препораките на надлежните да се работи од дома, за оние што е можно, ги затворивме музејот и продавниците на Вимблдон. Надворешните простории на „Ол Ингланд клубот“ и на „голф клубот“ остануваат отворени за членовите. Во овој момент, планираме да се одржат турнирите на трева. Се потрудивме максимално многу од нашите работници да си ја вршат работата од дома, се вели во официјалното соопштение. Ова доаѓа откако Ролан Гарос може да се одржи од 20 септември до 4 октомври оваа година, официјално објавија организаторите на натпреварувањето. Во својата историја турнирот е откажан 10 пати - станува збор за периоди околу Првата и Втората светска војна. За споредба, Ролан Гарос досега е одложен шест пати.

Остани поврзан