• вторник, 24 декември 2024

И Словачка воведува „затворање“ за невакцинираните

И Словачка воведува „затворање“ за невакцинираните
Братислава, 18 ноември 2021 (МИА) - Словачка воведува построги мерки за лицата кои не се вакцинирани против коронавирус поради зголемувањето на бројот на новозаразени и хоспитализирани, што го оптоварува здравствениот систем на земјата, изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер. Земјата со 5,5 милиони жители забележа рекорден број случаи на новозаразени во последните денови, а на почетокот на неделава објави дека има уште 20 кревети во одделенијата за интензивна нега за пациенти со коронавирусот. - Тоа е затворање за невакцинираните, рече премиерот Хегер на прес-конференција. Тој предупреди дека состојбата во болниците е критична. Според новите правила, само лицата кои се вакцинирани или го прележале вирусот во последните шест месеци ќе смеат да влезат во ресторани, трговски центри, спортски активности и на јавни настани. Мерките стапуваат на сила во понеделник и се очекува да траат три недели. Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската унија, со 45 проценти. Премиерот Хегер истакна дека не може да ги натера граѓаните на Словачка да се вакцинираат, но во тој случај државата мора да направи сè за да се заштити. ссм/

Остани поврзан